Никој не го видел твоето лице ама илјада очи бдеат
да го дочекаат денот кога ќе го кренеш твојот вел;
Пупки на рози увилени, славеи збудалени, не пеат,
нестрпливо воздиваат, твоето појавување им е цел.
И не е чудно што и јас навраќам пред твојата порта,
и колку и да изгледа дека сум многу далеку од тебе,
мечтаам да ме сакаш со надеж среќата да ми е ортак,
иако си знам, многумина таа среќа ја сакаат за себе.
2
Љубовта е црква која сите религии ги спојува кроце,
Исламот, или Христијанството или Кафеаната се едно;
твоето лице на секој планетарен систем му е сонце,
а твојот сокак, љубена, ова сонце го осветлува вредно.
Не требаат манастирски ѕвона кај љубовта царува, ,
за живот посветен на неа не требаат мантии свети ;
со манастирски клепала времето не се оптоварува,
каде благоста вирее и божјата угодност ќе се сети.
Познато ми е дека најљубената моја тага ќе биде,
заради неа ќе страдам и болка кон мене веќе иде.
3
За секоја друга агонија и болка се наоѓа некој илач,
но за мојава треска само љубената утеха ќе ми даде.
Хафиз, Господ знае дека не е кукавички твојот плач,
има здрава причина што со тажни зборови се јадеш.
Едино проблем е што не знаеш дали таа ти ги слуша!
Та, од толку многу тажни песни и небесата се гушат!
************
Оригиналот тука:
2. Мои препеви на сите 154 сонети на Шекспир, pdf.,формат А4, 39 страници
3. Мојата стихозбирка “Бегајќи од трпезата на моите црвци“ ги содржи и моите препеви на сите 154 сонети на Шекспир
4. Мојата стихозбирка “Со рими клоцнат Буковски“ ги содржи и моите преводи и препеви на 75 песни на Чарлс Буковски
5. Мојата стихозбирка “Аферата Неруда“ ги содржи и моите римувани препеви на 100 сонети за љубовта од Пабло Неруда
6. Мојата збирка раскази “Помилуваниот владика“
7. Мојата стихозбирка “Ловејќи ја душата на Висоцки“ ги содржи и моите препеви на 60 песни на Владимир Висоцки
8. Моето досегашно творештво собрано накуп